Балкан

Популарната плажа на островот Закинтос е затворена поради лизгање на земјиштето

Популарната плажа на островот Закинтос е затворена поради лизгање на земјиштето

Властите на јонскиот остров Закинтос ја затворија популарната плажа Навагио. Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала во четвртокот предизвика лизгање на карпеста маса во заливот, објави Екатимерини.

Нема информации за материјална штета или повредени посетители на плажата.

Крајбрежната стража на островот го забрани пристапот до плажата по море и копно поради страв од нови одрони.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни