Ситуацијата со коронавирусот денеска одложи две судски рочишта поради тоа што обвинети се или во изолација или имаат позитивен тест за ковид-19.
Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и ексминистерот Спиро Ристовски имаат решенија за изолација, и тоа беше причината денеска да се одложи судското рочиште за предметот познат во јавноста како „Организаторите на 27 април“.
Решенијата ги добиле откако нивни блиски се позитивни на ковид-19. Тие се меѓу четворицата обвинети, заедно со поранешниот министер Миле Јанакиески и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Денеска на ова рочиште требаше да се сослушаат група пратеници кои се предложени за сведоци од Вељаноски, но поради отсуство на двајцата обвинетите немаше услови да се одржи судењето.
.
