Балкан

Поради кризата, Грците се капат помалку и ги намалија трошоците за струја и храна

Поради кризата, Грците се капат помалку и ги намалија трошоците за струја и храна

Екстремните цени на стоките и услугите во Грција ги принудија семејствата да прават нечуени заштеди, се вели во студијата на синдикатите и Унијата на потрошувачи.

И покрај тоа што минималната плата во земјава се зголемува од 1 април на 780 евра, 87 отсто од луѓето го ограничиле греењето на само неколку часа дневно. 40 отсто од интервјуираните рекле дека се тушираат поретко, а други 57 отсто рекле дека готват помалку за да избегнат да користат струја како порано.

Заклучокот од истражувањето е дека 65 отсто од Грците ги ограничиле трошоците за основни потреби и прехранбени производи.

Затоа, многумина предвидуваат дека по гласањето во мај, десното крило на премиерот Константинос Мицотакис ќе ја загуби поддршката и најверојатно ќе се формира коалициски кабинет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни