Македонија

Поради посетата на финската премиерка посебен режим на сообраќај во Скопје

Поради официјална посета на премиерката на Република Финска, Сана Марин денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи.

-Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, соопшти МВР и апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни