Breaking Битолчани од утрово чекаат пред експозитурите на „Алта банка“
Свет

Поранешен амбасадор на Ватикан во САД: Гласајте за Трамп, Камала ќе ја изгради „најсуровата диктатура“ доколку биде избрана!

Поранешен амбасадор на Ватикан во САД: Гласајте за Трамп, Камала ќе ја изгради „најсуровата диктатура“ доколку биде избрана!

Екскомуницираниот католички надбискуп и поранешен амбасадор на Ватикан во САД, Карло Марија Вигано, денеска ги повика Американците да гласаат за републиканецот Доналд Трамп, тврдејќи дека демократката Камала Харис ќе ја изгради „најсуровата диктатура“ во САД доколку биде избрана.

Во отвореното писмо до американските католици, Вигано изјави дека Трамп е „единствениот можен избор“ бидејќи „гласањето за Камала Харис е морално недозволиво и претставува многу тежок грев“.

„На овие избори треба да изберете помеѓу два радикално спротивставени начини на замислување на владата на вашата нација: повикани сте да изберете помеѓу демократија и диктатура, меѓу слобода и ропство“, напиша Вигано.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни