Поранешната на Маск фотографирана како чита Карл Маркс – вели „Јас не сум комунист“

Откако Илон Маск и неговата девојка Клер Елис Буше раскинаа по три години врска во која добија и син, пејачката е фотографирана на улиците на Лос Анџелес во футуристичка облека како чита Комунистички манифест на Карл Маркс.

И додека многу твитерџии тврдат дека сакала да привлече внимание на овој начин, таа објави се на својот Инстаграм.

„Бев навистина под стрес кога папараците не престанаа да ме следат оваа недела, но тогаш сфатив дека тоа е можност да тролам“, започна пејачката, додавајќи дека насловите во медиумите ја насмеале.

„Таа е видена како го чита Карл Маркс по разделбата со најбогатиот човек во светот Илон Маск“, е само еден од насловите што се појавија вчера.

„Јас се уште живеам со Илон и не сум комунист“, напиша таа.

„Иако има некои многу паметни идеи во оваа книга, јас лично сум повеќе заинтересирана за радикален децентрализиран систем што мислам дека може да се постигне со криптовалути и игри, но се уште не сум ја испеглала таа идеја доволно за да ја објаснам. Без оглед на тоа, моето мислење е тешко да се опише за политиката, бидејќи политичките системи што најмногу ме инспирираат се уште не се имплементирани. Во секој случај, ако папараците продолжат да ме прогонуваат, можеби ќе се обидам да изнајдам повеќе начини за тролање – предлозите се добредојдени!“ заклучи таа.