Поранешни етиопски војници се пријавуваат да се борат на страната на Русија

Стотици поранешни војници од Етиопија се собраа пред руската амбасада во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, објавија дека сакаат да се борат на страната на Русија против Украина.

Етиопските ветерани ја изразија својата љубов кон Русија и би сакале да се приклучат на војната, без оглед на ризиците.

Додека некои од Етиопјаните кои чекаа на ред за да се приклучат на војната, го криеја својот идентитет од безбедносни причини, повеќето рекоа дека сакаат да се приклучат на војната од економски причини.

Руската амбасада нагласи дека нема повик за регрутирање во војната, владата на Етиопија сè уште не дала изјава.

Од друга страна, во писменото соопштение од руската амбасада во Адис Абеба се вели: „Ви благодариме што дојдовте овде да и ја покажете вашата поддршка на Русија. Сепак, имаме доволно војници“.