Поранешниот европски шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Вирчис (Украина) е пронајден мртов. Инспекторите велат дека најверојатната причина за смртта е самоубиство.
Роднините на 48-годишниот Вирчис велат дека тој неодамна боледувал од депресија. За тоа сведочат и соседите, кои потврдуваат дека постојано носел црна облека, како што бил пронајден по неговата смрт.
Вирчис има 26 победи во 28 натпревари, станувајќи интерконтинентален шампион на ИБФ во 2003 година и носител на појасот на ВБО во 2005 година.
