Македонија

Портокалов метео аларм – и денеска над 40 степени

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ= 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 42 степена.

Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни