Македонија

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протест на ССМ

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протест на ССМ

Денеска (12.02.2026) со почеток од 12.00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на ул.„Димитрие Чуповски “ и ул.„Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни