Свет

Посетите на гробот на Папата ќе бидат можни од недела, 27 април

Посетите на гробот на Папата ќе бидат можни од недела, 27 април

Посетите на гробот на папата во базиликата Санта Марија Маџоре ќе бидат можни од недела, 27 април, ден по неговиот погреб во црквата на која тој беше исклучително посветен, соопшти денеска шефот на Канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни.

Папата Франциск, кој почина на 89-годишна возраст во понеделникот, на вториот ден од Велигден, често се молеше пред и по патувањата во базиликата, која се наоѓа во близина на станицата Термини, јавува Анса.

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, беше првиот латиноамерикански папа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни