Алармот на стопанските комори за поскапување на прехранбените производи до 50% е реален,вели академикот Абдулменаф Беџети во интервју за РСЕ. Житото, лебот, млекото, маслото и некои други прехранбени производи може да поскапат, заради, како што вели Беџети, инфлацијата која до крајот на годината може да се искачи до 5% сметајќи според индексот на цените на мало.
Веќе се забележува поскапување на цената на електричната енергија на меѓународниот пазар, а се знае дека Северна Македонија зависи од увозот. Но како ќе влијае ова во нашата земја?
Инаку покачувањето на цените на сировините на светско ниво, Стопанската комора најави дека доколку не се преземат мерки може да дојде до сериозен удар врз цените на храната кои до крајот на годината може да поскапат и до 50%. Ова може да влијае на спиралата на инфлација, а со тоа и врз буџетот на граѓаните.