Претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово Билал Касами денеска гласаше за локалните избори на гласачко место 1947 во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.
„Го искористив моето право да гласам како граѓанин на Тетово и жител на Северна Македонија. Тоа е демократско право со кое ние одлучуваме кој ќе не води следните четири години. Ги повикувам сите граѓани во Тетово да излезат и масовно да одлучуваат за тоа кој ќе биде од понеделник кој ќе ја води локалната власт и кој ќе одлучува за нашата иднина. Денеска е повод за празник. После 20-години кампања првпат доаѓам со вратоврска затоа што ценам дека денес ќе биде убав ден и сите граѓани да излезат да гласаат за нашата заедничка иднина и иднината на Тетово и Северна Македонија“, изјави Касами.
