После несреќната Лајка, во вселената отидоа и Белка и Стрелка – еве каква судбина доживеаа

Тажната судбина на Лајка, кучето кое стана првиот цицач што отиде во вселената, и денес е инспирација за многу уметници и филмаџии. Сепак, имаше повеќе животни што станаа патници во вселената.

Кон средината на август 1960 година, Советите го лансираа Спутник 5, сателит кој требаше да тестира дали е можно живите суштества да преживеат долго време во вселената. Со себе зеде две кучиња во вселената – Стрелка и Белка, 2 сиви зајаци, 40 глувци, 2 стаорци и некои растенија.

За разлика од Лајка, која почина во орбитата од стрес и прегревање, овие животни сите успешно се вратија на Земјата!

Всушност, тие беа првите живи суштества што отидоа во орбитата, а потоа се вратија живи на површината на нашата планета. Поминаа само еден ден во вселената, но и тоа беше огромен успех.

Мисијата донесе и научни придобивки. Имено, за време на четвртото обиколување на Земјата, едно од кучињата почнало да доживува мозочен удар.

Затоа е одлучено кога луѓето ќе бидат испратени во вселената, нивните летови за првпат да бидат ограничени на три орбити.

Првиот човек беше испратен во вселената помалку од осум месеци подоцна. Тоа беше познатиот Јуриј Гагарин.

И Стрелка и Белка?

Неколку месеци по враќањето од вселената, Стрелка роди шест мали кученца, а едно од нив по име Пушинка (Снегулка) тогашниот претседател на Советскиот Сојуз, Никита Хрушчов, подоцна го подари на Каролин Кенеди, ќерка на американскиот претседател Џон Кенеди.

И Стрелка и Белка починаа во длабока старост. Денес, тие се херои на многу цртани филмови и документарни филмови …