Министерот за здравство Венко Филипче во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека на почетокот на овој бран сме се соочиле со семејни кластери, односно од семејни настани излегувале позитивни случаи на коронавирус.
„Направивме еден широк пристап на тестирање на сите контакти кои имале висок ризик, сакавме да ги изолираме апсолутно сите луѓе кај којшто ќе детектираме вирус, па дури тие да се асимтоматски“, посочи Филипче.
Тој додаде дека овој пристап за Министерството не носи многу поени затоа што има голем број на новодијагностицирани.
.