Посмртните останки на кралицата Елизабета Втора денеска ќе бидат преместени од замокот Балморал во Единбург, пред погребот во Лондон на 19 септември.
Ковчегот ќе биде придружуван од нејзината ќерка – принцезата Ана. За да можат повеќе Британци да се збогуваат со кралицата, нејзините посмртни останки ќе останат во Единбург до утре попладне. Тие потоа ќе бидат пренесени во воздухопловната база Нортолт со авиони на РАФ.
Кралот Чарлс III и кралицата Консорт Камила ќе го сретнат ковчегот во Бакингемската палата, по што ќе биде изложен четири дена во Вестминстерската опатија.
Кралот Чарлс Трети во наредните денови ќе ги посети Шкотска, Северна Ирска и Велс. Премиерката Лиз Трас ќе го придружува кралот на погребот, изјави портпаролот на Даунинг стрит. Во исто време, кралот Чарлс III беше најавен и за шеф на државата на Канада, Австралија и Нов Зеланд.