Македонија

Поставен шатор за пациентите кои чекаат тестирање или преглед во Штипската ковид амбуланта

Поставен е шатор за пациентите кои од целиот источен регион чекаат на прегледи пред дневната Ковид амбуланта на штипското Инфективно одделеление. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека клупи, маси, греалки и дезинфекциски средства ќе им бидат достапни на пациентите, кои мора да чекаат.

-Пациентите да се згрижат на малку потопло ни помогнаа на некој начин волонтерите на Општинската организација на Црвен крст и извидничката организација Еквинокс, со монтирање на шатор, кој ќе биде  затоплен и каде што од едната страна ќе влегуваат, а од другата страна ќе излегуваат пациентите и ќе одат на тестирање на Инфективното одделение, изјави Шуманска.

Викторија Милановска секретар на Општинската организација на Црвен крст-Штип вели дека шаторот е со внатрешна површина од 20 квадратни метри, а на болницата на користење дадени им се клупи и маси.

-На Инфективното одделение дониравме и 300 ќебиња, 80 комплети постелнина, 30 пара пижами за пациентите и 1.500 хирушки маски, изјави Милановска.

Таа истакна дека денеска во регионалниот Ковид центар се хоспитализирани 57 пациенти, а почината е 61 годишна жена од Штип. Прашана дали оваа недела е намален притисокот за хоспитализација на пациентите, бидејќи бројките неколку денови се движат од 55 до 58, за разлика од претходната недела, кога се пополнија сите слободни места и се додаоа кревети, Шуманска со одговор дека секојдневно од одделението се испуштаат од седум до осум пациенти.

-Еве денес се испишани девет пациенти, но се примени десет нови пациенти, на кислородна поддршка се 28 пациенти. Точно е дека нема преголемо зголемување на бројот, во однос на едвиденцијата, којашто се води секојдневно, посочи Шуманска.

Во штипската Клиничика болница пристигнати се брзите тестови и се распределени по сите одделенија, засега пред Ковид центарот нема војници и полицајци.

The post Поставен шатор за пациентите кои чекаат тестирање или преглед во Штипската ковид амбуланта appeared first on TV21.mk.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни