Поврзи се

Македонија

Поставена првата фотоволтаична централа – Ниту едно училиште во Скопје нема фотоволтаични панели

Во скопските училишта нема ниту еден фотоволтаичен покрив. Според експертите Северна Македонија не ја искористува сончевата енергија затоа што недостасуваат субвенции, стимулација, законска регулатива за репроматеријали за производство на сончеви колектори. Соларното зрачење на годишно ниво е 1500 киловат часови на метар квадратен.

Таткото на градот Петре Шилегов ветува дека следната година заедно со училиштето „Михајло Пупин“ ќе соберат финансии целиот покрив да го направат еден фотоволтаичен панел.

„Во текот на наредната година ќе можеме да овозможиме и целиуот кров на училиштето да биде фотоволтаичен панел. Горд сум на ова училиште и на учениците кои што ја дадоа оваа иницијатива која што ете од денеска може да да се види како функсионира“, рече Шилегов.

Инаку во средното училиште „Михајло Пупин“ во Скопје се инсталираше првата фотоволтаична централа. Панелите се со мала моќност од 12 KW и се поставени вкупно 42 панели. Фондот за иновации одвои пари во висина од 270 илјади денари, а преостанатите средства до 600 илјади денари,  колку што чини централата, се од буџетот на училиштето.

„Во мемоентов покрај овој прокект уште 53 други основни и средни училишта реализираат вакви проекти. Не е само енергетиката туку и земјоделието, машинството и други работи и прокети кои што ги работиме. Дополнително над 300 микро и мали и домашни компании кои што веќе работат на прокетитте кои што се обезбедени средства“, рече Јован Деспотовски од Фонд за иновации.

Три училишта во Куманово сами произведуваат струја. Ова е најдобар показател за искористувањето на сончевата енергија. Поставувањето на сончеви колектори значи заштеда на пари на подолг рок, но и почиста животна средина.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com