Македонија

Постигнат е договор со Косово – до крајот на неделата ќе се повлечат трговските бариери

Поставувањето на трговски бариери пред неколку дена за македонските производи, компирот и медот, за влез во Косово, го натераа министерот за економија, Крешник Бектеши, да ја посети соседната држава. По еден и пол часовната средба, во Приштина е постигнат договор Косово да испрати извештај за мониторинг на икрата што Косово ја извезува во Македонија. По тоа, Агенцијата за храна и ветеринарство на РСМ треба да патува до Приштина за да утврди дали косовската агенција спроведува таква програма за пасивен  и активен мониторинг и дали истата се реализира како што треба.

Косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала, потврди дека по исполнувањето на овие обврски ќе следи укинувањето на трговските бариери меѓу двете земји.

Исто така, според постигнатиот договор, министерот Бектеши утре ќе испрати писмо до косовскиот министер, Шала и очекува најкасно до задутре да се повлечат поставените трговски бариери кон Македонија.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21