Македонија

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, позитивен на Ковид-19

Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ е позитивен на коронавирусот. Тој ова го откри на својот профил на „Фејсбук“, а напишта дека позитивни се и сопругата и тримесечното бебе.

„И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка излеговме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.

За среќа јас немам никаков симптом, но имам позитивен резултат. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.

Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, напиша Зекири.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни