Свет

Потрагата по 29-годишниот пливач во Босфор сè уште трае – ГПС уредот не испраќа сигнал

Потрагата по 29-годишниот пливач во Босфор сè уште трае – ГПС уредот не испраќа сигнал

ГПС-тракерот на рускиот пливач Николај Свечников, кој исчезна за време на интерконтиненталното пливање во Босфор, не испраќа сигнал, соопшти шефот на организацискиот комитет на натпреварот, Левент Каратас. Тој нагласи дека вестите за функционален уред се неточни.

Претходно, турската телевизија „А Хабер“ објави дека тракерот давал сигнали, но информацијата е демантирана од организаторите.

Свечников (29) учествуваше на пливањето што се одржа во неделата, 24 август, во Истанбул, во организација на Турскиот олимписки комитет. Од околу 3.000 натпреварувачи, тој беше единствениот кој не ја заврши трката.

Потрагата по него продолжува.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни