Балкан

Потврдена контролата на границата меѓу Словенија – Хрватска: Што значи тоа?

Потврдена контролата на границата меѓу Словенија – Хрватска: Што значи тоа?

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси веќе го известил својот словенечки колега Боштјан Поклукар дека Италија ќе воведе внатрешна контрола на границата со Словенија поради закана од тероризам.

Според информациите на N1, Словенија ќе воведе внатрешна контрола и на границата со Хрватска и Унгарија. Информацијата во програмата N1 STUDIO SLOVENIJA ја потврди словенечкиот министер за внатрешни работи, Боштјан Поклукар, кој рече дека за тоа веќе денеска ги информирал унгарскиот и хрватскиот министер за внатрешни работи.

Според него, министерството веќе подготвило известување согласно Шенгенскиот кодекс, кое Владата утре ќе го одобри и потоа ќе го испрати до Европската комисија.

Причината за воведувањето на оваа привремена мерка е иста како и во Италија: зголемување на заканата од тероризам во Европа. „Гледаме што се случи во Франција и Белгија. Словенија не е исклучок“, предупреди Поклукар, додавајќи дека сакаат да обезбедат превентивни дополнителни проверки на балканската бегалска рута.

Словенечкиот министер не сакаше да открие кога полицајците ќе почнат со контроли на граница бидејќи за воведувањето допрва треба да расправаат Владата и Европската комисија. „Верувам дека со тоа ја зголемуваме безбедноста на Словенија, која е на прво место. Ситуацијата на Блискиот Исток е комплицирана, мораме да направиме се што сме должни за безбедноста на Словенија“, посочи Поклукар.

Тој нагласи дека ќе се обиде да им го направи животот што помалку комплициран за луѓето кои секојдневно ја минуваат границата. И началниците на словенечката и италијанската полиција ќе договорат имплементација на мерките во таа област.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни