Вчера ТВ21 објави, а денеска за Фокус потврдиле од ВМРО-ДПМНЕ дека Даниела Арсовска ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од опоициската партија, но откако потврдиле се попишманија па испратија и демант.
„ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите кои излегоа во јавноста дека станува збор за официјален брифинг во однос на имињата за кандидати за градоначалници на наредните локални избори“, стои во демантот испратен доцна вечерва до медиумите.
За каков официјален или неофицијален брифинг мислат од партијата засега не објаснуваат ниту пак информираат дали потврдиле или не за Фокус дека Арсовска ќе биде поддржана од партијата за кандидат за градоначалник.
Само најавуваат дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со официјална листа на имиња на кандидати за градоначалници.