Балкан

Повеќе апсења во Албанија – четворица Чеси се приведени во близина на фабрика за оружје

Повеќе апсења во Албанија – четворица Чеси се приведени во близина на фабрика за оружје

Албанските власти приведоа четворица чешки државјани откако беа забележани како фотографираат во близина на фабрика за оружје и складиште за оружје во областа на градот Поличан. Лицата се однесени на распит. Тие во полиција тврделе дека се туристи.

Вчера двајца Руси и еден Украинец биле приведени во реонот на воената постројка Грамш. При апсењето се ранети двајца албански војници.

Според премиерот на Албанија, Еди Рама, трите лица се „осомничени за шпионажа“. Во лето Албанија ја посетуваат многу руски и украински туристи, забележува Ројтерс, но додава дека воената фабрика Грамш се наоѓа на околу 80 километри од плажите.

Според албанските медиуми, нема врска меѓу двата случаи, иако растојанието помеѓу Поличан и Грамш е 90 километри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни