Министерот за здравство Венко Филипче во живо во вестите на ТВ21 посочи дека Владата едногласно ги прифатила новите препораки од Комисијата за заразни болести.
Се вчитува...
Тој додаде дека повеќе нема да има гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти.
„Потсетуваме повторно дека немаа дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дискотеките и ноќните клубови“, посочи Филипче.
Тој додаде дека се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица кои седат на една маса од 12 на 4 лица.
.
