Поплавите во Пакистан предизвикани од монсунските дождови кои започнаа пред јуни досега однесоа најмалку 1.061 живот. Ова го покажуваат најновите податоци на Националната канцеларија за борба против катастрофи и несреќи, цитирани од Франс прес.
Вчера беа пријавени 1.033 смртни случаи. Имаше 28 нови смртни случаи во изминатите 24 часа, но спасувачите се уште се обидуваат да стигнат до некои оддалечени села и бројот на загинати може да се зголеми.
Според владата, повеќе од 33 милиони луѓе – секој седми Пакистанец – се погодени од поплавите. Повеќе од еден милион згради беа уништени или тешко оштетени. Уништени се над 80.000 хектари обработливо земјиште и повеќе од 3.400 километри патишта, а однесени се 157 мостови.