Свет

Повеќе од 30 лица се повредени во експлозијата во Париз, двајца се водат за исчезнати

Повеќе од 30 лица се повредени во експлозијата во Париз, двајца се водат за исчезнати

Над 30 повредени, од кои четворица потешко, по силна експлозија во центарот на Париз. Експлозијата се случила на улицата Сент Жак во петтиот кварт на француската престолнина.

Екипите ги пребаруваат остатоците од зградата, а се верува дека две лица се водат за исчезнати.

Во зградата беше сместена престижната Американска академија за мода, внатрешен дизајн и архитектура.

Пред експлозијата имало истекување на гас, објави на Твитер градоначалникот на регионот.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како фасадата на зграда паѓа на улица како резултат на експлозијата и неколку згради се запалиле.

Пожарот е ставен под контрола и не се проширил на соседните згради, изјави шефот на париската полиција, цитиран од Ројтерс.

Сепак, властите соопштија дека причината за експлозијата се уште не е утврдена. Не е исклучена верзијата за намерно кривично дело. Можно е експлозијата да е предизвикана од дефект на електричната инсталација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни