Балкан

Повеќе од 30 земјотреси во текот на ноќта во БиХ

Повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет се регистрирани во Херцеговина во текот на ноќта, покажаа податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија кои ги пренесува Кликс.ба. Најсилниот бил утрово во 4:20 часот, кој бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Во 2:59 часот бил 4,3 степени, во 2:02 бил 2,6 степени, а во 1:55 бил 2,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентрите на сите земјотреси биле кај Столац.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни