Бројот на жртвите во вчерашниот земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала во главниот град на Јапонија се искачи на 52, објави јапонската агенција Кјодо.
Повеќето од жртвите се здобиле со модринки и гребнатинки при паѓање. Едно лице е во болница со скршеници. Во моментов, движењето на метрото и повеќето возови во регионот е обновено. Земјотресот се случи синоќа и првично беше објавено дека е со јачина од 6,1 степени, но националниот метеоролошки оддел потоа ги исправи податоците.
Земјотресот е регистриран во 22,41 часот по локално време (13,41 часот по Гринич) и бил од петти степен во јапонска скала, што може да предизвика оштетување на зградите и да доведе до прекин на електричната енергија, објави Јапонската метеоролошка служба. Епицентарот на земјотресот бил на границата меѓу префектурите Токио и Чиба на длабочина од 75 километри.