Вчера во Македонија се пријавени 10 починати од последиците од коронавирусот и 511 нови случаи објавени од Министерството за здравство.
Од 3.622 тестови за коронавирус во последните 24 часа, 14,11 отсто биле позитивни.
Во Македонија од коронавирус досега починале 7.072 лица, од почетокот на епидемијата се регистрирани 200.412 случаи, а активни се 6191 случај.
Институтот за јавно здравје извести дека оздравени се уште 497 пациенти, со што вкупниот број оздравени се искачи на 187.149.