Свет

Повеќе од 8 милиони Украинци се внатрешно раселени од почетокот на војната

Повеќе од 8 милиони Украинци се внатрешно раселени од почетокот на војната

Повеќе од 8 милиони Украинци се внатрешно раселени од почетокот на војната, според податоците на ОН. Наспроти ова, Владимир Зеленски предупреди на глобална криза со храна.

Според претседателот на Украина, руската блокада на пристаништата ја загрозува глобалната безбедност на храната. Уште една посета на нападнатата земја денеска оствари шефот на германската дипломатија. Аналена Бурбок ја посети Буча, каде беа пронајдени телата на стотици цивили.

„Тоа може да се случи. „Можете да видите игралишта, супермаркети, можете да видите како луѓето одат на работа и веднаш до нив можете да ги видите најлошите траги на криминал“, рече таа.

Во Одеса беше претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој мораше да побегне по рускиот ракетен напад. Едно лице загина, а пет се повредени. Според СЗО, илјадници хронично болни луѓе во Украина имаат потреба од итен медицински надзор, но не можат да го примат.

„Влијанието на конфликтот за два месеци е ужасно. Најмалку 3382 загинати цивили. Тринаесет милиони луѓе се раселени, а на уште 60 милиони им е потребна помош“, изјави шефот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

ЕУ ја обвини Русија за голем сајбер напад врз сателитска интернет мрежа на почетокот на инвазијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни