Актерот Том Круз со неговиот син Конор, кого го посвои во брак со Никол Кидман, беше снимен во саботата на бејзбол натпревар во Сан Франциско.
Токму ова видео го обиколи светот за рекордно време, а го гледаа преку милион луѓе, и сите се прашуваат само едно: „Што се случи со лицето на славниот актер?
Круз беше добро расположен, но фановите го забележаа неговиот нов изглед, што предизвика вистинска дебата на социјалната мрежа Твитер. Корисниците постојано го споделуваат ова видео, а негативните коментари само ги следат.
Tom Cruise is in attendance at @SFGiants game tonight. It is Fleet Week in San Francisco #ResilientSF #Postseason pic.twitter.com/uRGX98xv6X
— Chris Alvarez (@CAlvarezABC7) October 10, 2021
„Престани да ставаш глупости во твоето лице, те молам“, „Или направи нешто на лицето или се здебели“, „Што по ѓаволите се случува со неговото лице? Дали е тоа некаква алергиска реакција?“, се само дел од коментарите.
Имаше и такви кои го бранеа актерот со зборовите: „Мислам дека само се здебелил, но сепак изгледа феноменално“, „Негово лице, негов став. Не разбирам зошто толку драма“.
Што мислите, претера ли со ботоксот или само се здебели неколку килограми? Пишете ни во коментарите.
