Македонија

Повеќе од три часа Јовановски ги разгледува доказите за „Рекет“

Бојан Јовановски – Боки 13 и натаму е во одделот за организиран криминал и висока корупција каде пристигна нешто после 12 часот, и натаму ги разгледува доказите за „Рекет“.

Јовановски во понеделникот беше кај Рускоска на распит, но се бранеше со молчење, истакнувајќи дека во среда ќе почне со разгледување на доказите за случајот „Рекет“ каде е првоосомничен.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека добиле известување дека истрагата е завршена, и апсурдно е по завршена истрага да се викаат осомничените на распит.

Утре увид во доказите ќе врши Катица Јанева.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни