Европската комисија денеска на официјалниот Твитер профил објави дека претседателската Урсула фон дер Лајен, утре при посетата на Скопје ќе се сретне со, како што стои во објвата на Твитер „северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски“.
Фон дер Лајен во 13 часот ќе има обраќање и во „северномакедонскиот парламент“, се вели во твитот.
Сепак овој твит по само неколку минути беше избришан, поради реакција на македонското Министерство за надворешни работи од каде велат дека е направена ненамерна грешка.
„Министерството за надворешни работи, како и секогаш, реагираше веднаш штом забележа дека е употребена несоодветна придавка. Добивме уверување дека е направена ненамерна грешка, по што објавата беше веднаш избришана“, велат од МНР.