Живот

Повторно се појавија шпекулации – каква е здравствената состојба на Ким Џонг-ун?

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун на состанок минаиот месец, со воените и полициските лидери, се појавил со фластер на задниот дел од главата, а тоа поттикна нови шпекулации за неговата здравствена состојба.

Снимката се појави во медиумите на 30 јули, но засега не е официјално потврдена.

Ким се појавува со фластер на состаноците одржани во Пјонгјанг од 24 до 27 јули, додека последниот ден немал фластер, но на главата се гледала темна дамка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни