На 18.08.2021 во 05.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во кругот на
Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп настанал пожар кој зафатил и еден објект во кругот училиштето.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп.