Свет

Пожар избувна на траект со 300 луѓе во близина на брегот на Шведска

Пожар избувна на траект со 300 луѓе во близина на брегот на Шведска

Пожар избувна на траект со 300 луѓе во близина на брегот на Шведска, пренесува „Франс прес“.

Извршена е голема спасувачка операција.

Портпаролот на шведската поморска управа, Јонас Францен, појасни дека пожарот настанал од палубата за автомобили.

На местото на настанот се испратени три хеликоптери и седум пловни објекти и започнала евакуација на бродот.

Нема информации за повредени. Причините за несреќата се уште се расчистуваат.

Шведските власти уверија дека пожарот сега е под контрола .

Стена Скандика се наоѓала во близина на островот Готланд на југоисточниот брег на Шведска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни