Македонија

Пожар кај село Фурка меѓу Дојран и Богданци – активиран и хеликоптер

Пожар кај село Фурка меѓу Дојран и Богданци – активиран и хеликоптер

Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400м.

Гори деградирана шума-прнар а на места има и борова шума. Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата Градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија.

На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе попладне отиде кон Општина Богданци и дејствуваше по пожарот на неспристапните места. Конкретно во периодот околу 16,30 и 18.30 часот дејствувал хелихоптер на АРСМ со околу 20 налети – ведра по пожарот.

Ангажирани сили и служби:

ТППЕ Гевгелија со 10-14 пожарникари и 3 пп м.в., Доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, ЈПНШ Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари, ТППЕ Валандово со 1 ПП Возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 Возило, ТППЕ Струмица со 4/5 пожарникари и едно возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила.

Состојба со пожарот во с.Фурка до 19.00 часот

Пожарот кај с.Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот кон Богданци и мал крак према Рибник Елита, а нема опасност од загрозеност на објекти. На овој терен повторно ќе се дејствува во раните утрински часови на ден 08.08.2022 год околу 5.00 часот. Инаку, пожарот е локализиран во делот на патниот правец Богданци-Дојран, а во близина на Браната Паљурци на места активно горење но се гаси во моментот.

Во периодот околу 16,30 и 18.30 часот дејствувал и хелихоптер на АРСМ со околу 20 налети-корпи.

Сите единици се уште се на терен само се повлечени од ТППЕ Валандово и прераспоредени поради пожар на нивна територија.

Околу 20,00 часот е закажан координативен состанок со командирот на ТППЕ Гевгелија каде ке се знае кои сили ќе дејствуваат во текот на утрешниот ден.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни