Балкан

Пожар на грчкиот остров Тасос, познато дали меѓу евакуираните има и Македонци

Пожар на грчкиот остров Тасос, познато дали меѓу евакуираните има и Македонци

Жителите на островот Тасос во северниот дел на Егејското Море мораа да се евакуираат бидејќи големиот шумски пожар што избувна синоќа во борова шума во источниот дел на островот продолжува да беснее.

Дали има евакуирани Македонски државјани?

„Според информациите што Министерството за надворешни работи преку дипломатско и конзуларните претставништва во Грција ги доби од надлежните органи, нема наши државјани меѓу погодените од пожарите во Тасос“, велат од МНР за 4NEWS.mk

Рано утринава жителите на Кинира добиле порака преку итниот број 112 да се евакуираат во селото Лименарија.

Пожарот започнал во тешко пристапно подрачје на планината веднаш по стемнувањето, што го оневозможувало полетувањето на противпожарните авиони.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни