Во општината Пилеја-Хортијатис, недалеку од Солун, денес избувна пожар кој зафати ниска вегетација, објавува Катимерини.
Пожарот го гаснат од земја 42 пожарникари и екипи планинари, а помош даваат и локалните власти, додека пет авиони и два хеликоптери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух.
Во поширокото подрачје загрозено од пожарот има расфрлани станбени згради, а според податоците на противпожарната служба, тие во моментов не се директно загрозени.
