Свет

Пожар во хотел во Турција: Евакуирани повеќе од 150 гости

Пожар во хотел во Турција: Евакуирани повеќе од 150 гости

Повеќе од 150 гости на хотел во Ескишехир, западна Турција, беа евакуирани откако избувна пожар во кујната на ресторан во истата зграда, објави весникот „Сабах“.

Чадот од пожарот го зафати хотелот, како и соседните згради.

Двајца вработени во хотелот беа повредени поради вдишување чад и беа хоспитализирани, но нивните животи не се во опасност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни