Пожар избувнал во куќа во скопската општина Шуто Оризари, при што била причинета материјална штета. Во инцидентот нема повредени лица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 17 ноември, во 16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа сопственост на 61-годишен скопјанец со иницијали З.Ж.
Од пожарот изгорела разновидна стока, а интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеала да го изгасне огнот.
Полициски службеници излегле на местото на настанот.