Свет

Пожар во парламентот на Јужна Африка

Пожар во парламентот на Јужна Африка

Голем пожар избувна утрово во Парламентот на Јужноафриканската Република во Кејптаун, јави АФП. 

Над зградата се издига густ чад. Собранието во моментов не заседава за празниците.

Пожарот започнал од канцелариите на третиот кат и се проширил на пленарната сала и на покривот, изјавил портпаролот на противпожарната служба за локалните медиуми.

Пожарот не бил локализиран и повикано е засилување.

Во пожарот нема повредени, за што информираат од обезбедувањето. Во гаснењето се вклучени повеќе од 35 пожарникари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни