Свет

Пожар во психијатриска болница вo Риека, едно лице загина, а 16 се повредени

Едно лице загина, а 16 други се повредени во пожар што избувна попладнево во психијатриска болница во Лопачка, во близина на Риека.

Во моментот на избивање на пожарот во болницата имало стотина лица.

Пожарот, кој избувнал на третиот кат, се проширил на четвртиот.

На терен има околу педесет пожарникари. Пожарот е под контрола, но пожарникарите ќе останат на терен.

На третиот кат, каде што избувнал пожарот, имало неподвижни лица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни