Македонија

Пожар во Тетово, учениците се пуштени од училиштата, настава нема да има ниту утре

Пожар во Тетово, учениците се пуштени од училиштата, настава нема да има ниту утре

Од општина Тетово соопштуваат дека образовниот процес е прекинат поради пожар кој избувна во фабрика.

„Општина Тетово во соработка со Секторот за образование на општината одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот.

Во меѓувреме, денес воспитувачите од градинките се обврзани да згрижуваат деца чии родители поради работни обврски не се во можност да ги земат од градинките.

Од безбедносни причини од влошувањето на квалитетот на воздухот во Тетово и заради заштита на здравјето на децата и учениците ја донесовме оваа одлука.

Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно од домовите додека не се подобри состојбата и не се исчисти воздухот“. се наведува во известувањето на Општината.

Граѓаните и студентите, додаваат оттаму, кои се преселуваат во странство за свои лични потреби треба да носат заштитни маски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни