Македонија

Пожари низ повеќе општини: 16 активни, еден ставен под контрола

Пожари низ повеќе општини: 16 активни, еден ставен под контрола

Во текот на денешниот ден во земјава се регистрирани 46 пожари на отворен простор, од кои 16 сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 29 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Најголем дел од активните пожари се на ниска вегетација, но има и пожари во шуми, пасишта и стрништа.

Активни пожари има во општините Врапчиште, Битола, Прилеп, Гевгелија, Дебар, Тетово, Чашка, Липково, Куманово, Студеничани, Сарај и Долнени.

Во Врапчиште гори ниска вегетација во селото Топлица, во Меџитлија, Битола, гори стрниште, додека во Прилеп има два активни пожари – кај Дата Центарот и над вештачкото езеро. Во Гевгелија пожарот е во мешана шума кај селото Миравци.

Во Дебар активен е пожарот од селото Татар Елевци кон Кораб и кај селото Бањште, каде гори смрека, папрат и трнливи грмушки. Пожар е активен и над Боговинско Езеро на Шар Планина, каде гори пасиште.

Во општина Чашка пожарот е кај селото Јаболчиште, во близина на местото „Биков Гроб“, додека во Липково има два активни пожари во борова шума, кај селата Матејче и Стрима.

Активни пожари има и на повеќе локации во Куманово, како и во Студеничани, Сарај и Долнени.

Пожарот во селото Џепиште, општина Центар Жупа, е ставен под контрола. Таму гореле сува трева и нискостеблеста шума.

Во текот на денот се изгаснати 29 пожари на отворен простор, меѓу кои и во Штип, Кочани, Виница, Валандово, Дебарца, Дебар, Струга, Кичево, Брвеница, Желино, Врапчиште, Гостивар, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Аеродром и Зелениково.

Според информацијата на ЦУК, состојбата со пожарите се следи, а надлежните екипи продолжуваат со интервенциите на терен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни