Ова се снимките од пожарот кој вчера ги зафати селата Кондово и Свиларе, општина Сарај. Утрово, пожарот е локализиран и ставен под контрола.
Иако пожарот е локализиран, пожарникарите се мобилизирани и се на готовс да интервенираат доколку има потреба. Противпожарните екипи и утрово излегоа на терен, но како што велат состојбата е стабилна.
Пред една недела, активни пожари имаше во Ласкарци, Буковиќ, и во општина Желино. МВР и Дирекцијата за заштита и спасување апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган во природа. Инаку, пожарите се последица на на сувата трева која е лесно-запалива, а удел има и човечкиот фактор. ТВ21 побара податоци од „Македонски шуми“ за севкупната опожарена површина за оваа година и причинетата штета, но до ова информативно издание не добивме одговор.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ