Македонија

Пожарот во Пинтија бил предизвикан од искри на далековод

Пожарот во Пинтија бил предизвикан од искри на далековод

Звонко Томески од скопската противпожарна единица денеска во Пинтија информираше дека при самото пристигнување на терен виделе дека не станува збор за пожар во трафостаницата, туку надвор од неа.

„Поради искри на далеководот во непосредна близина беше опожарена површина со сува трева, и веднаш е побарано да биде исклучено напојувањето на далноводите и е пристапено до гасење“, вели тој.

Томески додаде дека за кратко време пожарот бил локализиран, додека пак останатиот дел без напојување бил превентивно поради повторно пуштање на далноводот.

„Екипите останаа дополнително додека не се воспостави нормално напојување“, посочува тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни