Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поглемиот дел од Скопје остана без струја.
На местото се противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгасната огнот, како и припадници на полицијата.
На терен е и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој за ТВ21 посочи дека благодарение на брзата интервенција на противпожарната служби и на полицијата пожарот е веќе локализиран.
„Далноводите се надвор од функција, стопиран е и сообраќајот затоа што ќе ги пуштат во функција со цел да не се случи повторно оштетување“, вели Ѓорѓиевски.
Тој додава дека нема повредени лица.