Македонија

Позитивни случаи на коронавирус во фудбалските клубови Ренова и Шкендија!

Коронавирусот го зафати и фудбалот во нашата земја, поточно во тетовските клубови Ренова и Шкендија. Четири лица од Ренова и две од Шкендија се позитивни на вирусот Ковид-19.

Ова го потврди и синдикатот на фудбалери на Македонија кој објави на „Фејсбук“ дека повторената анализа покажала позитивни случаи во двата тима.

Ова претставува дополнителен проблем за враќањето на првенството, кое од ФФМ оваа недела беше најавено дека ќе продолжи. Сепак, развојот на ситуацијата не оди во посакуван правец.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни